Витор Роке (18) е новото бразилско чудо. Имено за младиот шпиц на Атлетико Параненсе се “тепаат“ сите европски гиганти, но по се изгледа дека победник е Барселона. Иако од неговиот клуб и од Барса се молчи за овој трансфер, сепак денеска “Глобо“ и Фабрицио Романо тврдат дека тој е многу блиску до потпис со каталонската гордост.
Севкупниот трансфер би требало да изнесува 74 милиони евра што ќе биде втор рекорден по оној на Нејмар од Сантос во Барса за 88 милиони евра.
Ова секако дека потег на Барса со цел да му покаже на Реал Мадрид дека Роке поголема ѕвезда од Турчинот Арда Ѓулер кој деновиве потпиша за “кралевите“.