Еве кога Интер Мајами и официјално ќе го претстави Лео Меси! (ФОТО)

466

Јасно е дека Лео Меси во наредниот период ќе го носи дресот на Интер Мајами. Најдобриот фудбалер во историјата одби 1,2 милијарди евра од С. Арабија за две години и се одлучи да игра фудбал и да живее во прекрасниот Мајами на Флорида.

Тоа е веќе познато, но сепак сеуште неговиот нов клуб ја нема извршено официјалната промоција или претставување.

А тоа ќе се случи идната недела, на 16 јули на специјална церемонија на стадионот на Интер Мајами, каде Лео ќе биде спектакуларно промовиран.

Покрај него клубот ќе го промовира и Серхио Бускетс, а повеќе детали за овој најавен спектакл ќе се знаат деновиве.

Image

ПретходноТрансфер од 74 милиони евра: Новото бразилско чудо пред потпис со Барселона!
СледноГрег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лига!