Драма во ПСЖ поради Мбапе

1258

Килијан Мбапе направи драма во ПСЖ бидејќи во последното интервју за Франс Фудбал го критикуваше клубот, соиграчите и управата. Тој рече дека не е задоволен од постигнатите резултати. Според странските медиуми, тоа предизвикало незадоволство кај неговите соиграчи и претседателот Насер Ал Келаифи.

„Не знам што е потребно за ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, тоа не е прашање за мене. Треба да зборувате за луѓето кои го градат тимот, го тренираат и го водат клубот. Само сакам да си ја завршам работата најдобро што можам. Станав најдобар стрелец во Лига 1 петта година по ред, но критичарите велат дека можев подобро. Понекогаш во фудбалот се соочувате со таканаречениот стаклен таван. Сепак, овие прашања се за луѓето над мене“, изјави Мбапе. 

Мбапе има шанса да го напушти клубот бесплатно кога ќе му истече договорот на крајот на следната сезона, а претседателот ќе сака да го продаде доколку види дека не сака да потпише нов договор.

„Причината зошто мислам дека ова е мојата последна сезона во Лига 1? Многу е едноставно, јас сум многу конкурентен. Секогаш кога играм, тоа го правам за да победам. Не е важно против кого играм, не е важно каков дрес носам, каде играм или која година е. Никогаш не сум задоволен, секогаш сакам да победувам. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Одам на одмор, се ресетирам, ја враќам енергијата, а потоа ја враќам таа глад за успех што сите ја знаат“, објаснува Мбапе.

ПретходноГрег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лига!
СледноАлександар „Велики“ Волкановски е недопирлив крал, со нокаут ја одбрани титулата во УФЦ (ВИДЕО)