Еден од најдобрите борци на денешницата и шампионот во перолесна категорија Александар Волкановски е непрокосновен, тоа го потврди против мексиканскиот борач Јаир Родригез. Австралиската ѕвезда со мкаедонско потекло го одбрани појасот на настанот УФЦ 290, кој се одржа пред малку во Лас Вегас, не му даде никакви шанси на Родригез и го совлада со нокаут.
View this post on Instagram
Волкановски е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија.
По доминацијата во првите две рунди, на Алкесанда „Велики“ Волкановски, Родригез почна да се подига во третaтa рунда, но Австралиецот не му дозволи да се исправи, мавна тешка десница што го потресе Родригез, со серија на удари, го принуди Херб Дин да ја прекине борбата.
View this post on Instagram
По средбата Волкановски изјави дека мора да оди на операција бидејќи има проблем со раката.