На 89-годишна возраст по кратко боледување почина легендарниот шпански фудбалер Луис Суарез Мирамонтес.
Во својата голема кариера играше за Депортиво, Еспана Индустриал, Барселона, Интер и Сампдорија. За шпанската репрезентација одигра 32 натпревари од 1957 до 1972 година и постигна 14 гола.
Најголем белег остави во Барселона и Интер. Тој помина шест години во Барселона и девет во Интер. Со Барселона два пати беше шпански првак, а со Интер три пати италијански и два пати европски првак.
Во 1960 година, Суарез ја освои Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот. Тој славеше пред Ференц Пушкаш од Реал.
По завршувањето на својата играчка кариера, тој беше тренер повеќе од 20 години. Во неколку наврати раководеше со Интер, а три години беше селектор на Шпанија.