Бруно Фернандеш со емотивна порака до Де Хеа

326

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, на социјалните мрежи со емотивна порака се збогува со голманот Давид Де Хеа, кој после 12 години го напушта „Олд Трафорд“.

„Заслужуваш да се збогуваш на полн стадионот, сите да ти се заблагодарат за убавите спомени. Влезе во историјата на клубот и твоето име никогаш нема да биде заборавено, а тоа никој не може да ги го одземе тоа. Ти посакувам се најдобро за тоа што претстои за тебе и твоето семејство“, напиша Португалецот на Инстаграм.

Многумина во оваа порака видоа прекор до раководството на клубот, кое не успеа да го задржи Шпанецот.

ПретходноМакедонските ракометарки против Чешка за прва победа!
СледноОва е најдобриот тим во светот, вреди 1,1 милијарди евра, тренер е Пеп, но ги нема Меси и Роналдо! (ФОТО)