Славниот Конор Мекгрегор веќе одамна не знае како тоа изгледа да се најде во октагонот. Но затоа и тоа како ги следи настаните поврзани со Александар “Велики“ Волкановски, Австралиец со македонско потекло кој утринава уште еднаш покажа кој е кој во овој боречки спорт, во УФЦ во перолесна категорија.
Тој по триуфот на Волкановски на свој твитер профил напиша:
„Дали тој Волконовски е некој неважен лик од Полска?“.
И не само што намерно му го погреши презимето туку сакаше малку и да си “поигра“ со потеклото на Александар “Велики“.
Веднаш потоа следуваа повеќе коментари од фановите дека Волкановски е Македонец а не Полјак.