Светска лига на нации: Познати четвртфиналистите, Полска оди на Бразил

189

Откако се одиграа сите натпревари од групната фаза во машката одбојкарска Лига на нации, веќе се познати сите осум селекции кои ќе учествуваат на завршниот турнир.

Ф8 турнирот ќе се одржи од 19 до 23 јули во Гдањск (Полска). Победникот во групната фаза, САД ќе се сретне со Франција која го освои осмото место на табелата.

Второпласираната селекција на Јапонија се среќава со седмата, Словенија, додека светските вицешампиони Полска кои завршија на третото место за место во полуфиналето ќе се борат со Бразил. Полјаците се една од селекциите кои ќе бидат противници на Македонија на претстојното Европско првенство во Скопје.

Во последното четврфинале ќе играат светскиот шампион Италија и селекцијата на Аргентина.

ПретходноТрагедија: Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром
СледноЛукаку од Интер го делат „само“ 10 милиони евра