Лидс Ј. го откупи договорот на Харисон од Манчестер Сити

210

Лидс Јунајтед вечерва и официјално потпиша перманентен договор со крилото на Манчестер Сити, Џек Харисон.

Последните три сезони Харисон ги помина на позајмица во Лидс, за кој направи дури 128 настапи во сите натпреварувања. Лидс ја активираше опција поставена за откупување на договорот за позајмица од минатата сезона, што му овозможи на клубот да го потпише договор со фудбалерот.

24-годишниот Харисон потпишал тригодишен договор со тимот од „Еланд Роуд“ кој ќе го задржи вот имот до летото 2024 година.

ПретходноХасани си замина од Партизани: Си одам поради тренерот!
СледноОдлука во едно полувреме: Италија по четвртипат во полуфинале на Еуро (ВИДЕО)