Англискиот бек Ешли Јанг ги заврши обврските кон Астон Вила и како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Евертон, пренесува „Скај спортс“. Искусниот бек со „карамелите“ ќе потпише едногодишен договор.
Тоа ќе му биде четвртиот различен клуб во Англија затоа што во два периода играше за Астон Вила, потоа во Ватфорд и за Манчестер Јунајтед. Една сезона помина во Интер.
Тој е поранешен англиски репрезентативец со 39 настапи.