Селекторот ги терал да спијат со него ако сакаат да играат за репрезентацијата

3862

Невиден скандал во Африка. Главниот тренер на замбиската женска репрезентација Брус Мвапе која се спрема за настап на СП е обвинет за сексуално злоставување, а случајот е даден да го истражи ФИФА, пренесува „Гардијан“.
За се што се случува во националниот тим прозборува една од репрезентативките, која тврди дека тренерот ги терал фудбалерките да спијат со него ако сакаат да го задржат своето место во тимот.
Претседателот на ФС на Замбија, Ендрју Каманга потврди дека обвинувањата се проследени до ФИФА и до замбиската полиција уште минатата година и дека тоа е стара приказна. И ФС покренал своја истрага не наведувајќи имиња на тренери во тоа време.

ПретходноФудбалер на Лутон влезе во историјата на англискиот фудбал
СледноГермански репрезентативец го засилува Интер