Фантастични први 45 минути од второто четврфинале на Еуро 2020. Италија на полувреме во Минхен води со 2:1, Белгија ќе се обиде да направи целосен пресврт во вториот дел.
Италијанците почнаа моќно и со головите на Барела (31’) и на Инсиње (44’) поведоа со 2:0, но само минута подоцна Белгија доби пенал, кој Лукаку го претвори во конечни 2:1 во првиот дел.