Ал Хилал од Саудиска Арабија го објави трансферот на Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио. Српскиот репрезентативец кој долго време играше за Лацио, оваа сезона реши да оди во Саудиска Арабија и да биде дел од експанзијата што се случува со локалниот фудбал. По Кристијано Роналдо, многу фудбалски ѕвезди од европските клубови направија трансфери таму.
СМС ќе добие плата од 20 милиони евра по сезона. Тој потпиша тригодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Лацио како обесштетување ќе добие само 40 милиони евра.