Чудна, и досега можеби невидена ситуација во светот на фудбалот. Тимот на Партизан кој веќе еден месец напорно се подготвува за следната сезона, не знае каде точно се наоѓа неговиот член Фусени Дијабате кој минатата сезона беше најдобар фудбалер со седум гола и еднаесет асистенции.
Цели 24 дена управата, спортскито директор, тренерот, па дури и неговиот менаџер се обидуваат да го пронајдат но Дијабате не исконтактирал со никого. И не се знае неговата точна локација и дали воопшто некогаш ќе се појави во Белград.
„Чудно ама тоа е вистината. Не знаеме каде е ниту имаме претстава дали некогаш ќе се појави во клубот. Ниту неговиот агент нема контакт со него. Што се случува не знаеме. Кога и ако некогаш пристигне секако дека го чека дисциплинска постапка во клубот, ама тоа сега е сосема друга работа“ – изјави Ивица Краљ, еден од челните луѓе на клубот.
Интернационалецот од Мали претходно беше дел од Лестер, Трабзон, Гиресунспор…