Хендерсон ја прифати понудата на Ал Итифак, ќе му биде соиграч на Велковски!

137

Џордан Хендерсон е многу блиску до трансфер во С. Арабија и тоа во тимот на Ал Итифак, каде што е тренер Стивен Џерард, каде што е член и нашиот репрезентативец Дарко Велковски.

Тој ја прифатил понудата од С. Арабија, се договорил за личните услови, сега останува и “редси“ да кажат – ДА, да падне договор околу отштетата и со тоа да се официјализира овој трансфер. Се шпекулира дека Хендерсон во Ал Итифак ќе зема 40 милиони евра по сезона.

Навистина примамливо.

ПретходноКикер: Опенда е замената на Нкунку во РБ Лајпциг
СледноКако на тренинг: Вондрушова ја декласираше Свитолина за пласман во финалето на Вимблдон!