Родриго од Лидс Ј. потпиша за катарски Ал Рајан

243

Еден од најдобрите фудбалери на англиски Лидс Ј., напаѓачот Родриго изненадувачки направи трансфер во Катар. Денеска неговиот трансфер го потврди клубот Ал Рајан.

32-годишниот фудбалер беше дел од Лидс од 2020 година. За тимот одигра 97 натпревари, постигна 28 гола и даде 5 асистенции.

Родриго претходно играше за Валенсија, Бенфика, Болтон и Кастиља. Тој има и 8 настапи за репрезентацијата на Шпанија.

ПретходноИнтер потпиша со најдобриот голман во Третата лига
СледноПобедничко селфи: На ред е Левски!