Анхелињо е ново засилување за Галатасарај

125

Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Анхелињо е најновото засилување за екипата на Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити заминува во Турција на позајмица, објави официјалниот сајт на турскиот клуб.

26-годишниот Шпанец е на позајмица до крајот на сезоната 2023/24, а во неговиот договор има вклучена опција за откуп.

Лајпциг го доби Анхелињо од Манчестер Сити во 2021 година.
ПретходноПобедничко селфи: На ред е Левски!
СледноВо Штип стартува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години