Францускиот фудбалски клуб Сошо административно испадна од Лига 2 во третата лига на Франција, откако кинеските сопственици Нанџинг Груп не беа во можност да ги обезбедат потребните средства за покривање на професионалната лиценца.
Државниот директорат за управување и контрола (ДНСГ), тело што ја следи финансиската состојба на тимовите во Франција, го објави административното испаѓање на тимот уште минатиот месец, и покрај тоа што Сошо заврши на 9-тото место на табелата. Одлуката беше обжалена, но истата вчера и официјално беше одбиена и од второстепениот орган, со што истата станува важечка.