Во пресрет на денешниот четвртфинален меч со В. Британија на Европското првенство до Б-дивизицијата во Скопје, нашиот младински кошаркарски репрезентативец Амар Хот верува во успех, но повикува на посветеност од сите во тимот кој досега запиша три победи во четири одиграни натпревари:
„Ќе се обидеме да влеземе максимално мотивирани и ангажирани во нокаут фазата и со мисла дека се бориме за медал пред домашната публика и на домашен терен. Всушност, да влеземе уште посилно и од дуелот со Бугарија бидејќи имаме голема шанса за највисок пласман“– смета нашето репрезентатовно крило.
Вели дека се подготвени за она што следува утре вечер од 18.30 часот во СРЦ „Кале“, дуелот против Велика Британија.
„Се разбира дека имаме информации за противниците, стручниот штаб работи на анализата и скаутингот и верувам дека ќе бидеме апсолутно подготвени“– вели Хот.