И, сега што со ПСЖ? Катарскиот пребогат клуб од Париз добива таква кокуренција што не можеше ниту да замисли. Имено вечерва медиумите во Франсија лансираа “приказна“ дека Мохамед бин Салман, најбогатиот човек во светот, престонаследникот и актуелен премиер на С. Арабија со својот Инвестициски фонд, е многу блиску до купување на култниот француски клуб, а тоа е Олимпик Марсеј.
Познато е дека Бин Салман и неговиот фонд располагаат со 600 милијарди долари, и секако дека нема да му биде тешко да ја оствари оваа желба, посебно кога не успеа да го купи Манчестер Јунајтед. Инаку тој во свој посед веќе го има Њукасл, но ако веќе влезе во Марсеј, е тогаш ПСЖ ќе си има проблеми и тоа какви.
А, зошто Марсеј?
Па, познато е дека за овој клуб навиваат и Арапи, Алжирци, Тунижани, Мароканци…тоа е дел од структурата на населението кое живее во градот Марсеј. Тоа е еден од значајните фактори кои влијаат Бин Салман да го купи токму овој клуб.