Тенискиот свет посакуваше финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, и истото го доби. И Србинот и Шпанецот ги минаа своите полуфинални пречки и си закажаа мега – спектакл во финалето на Вимблдон, во недела.
Секако дека сите со нетрпение го очекуваме ова епско финале, а младиот Шпанец кој просто го демолира Данил Медведев, по триумфот во полуфиналето си кажа што мисли за дуелот со Новак:
“Ова е сон за мене, финале на Вимблдон. Уживам. Сите знаат дека Новак е легенда, ќе биде тешко, но ќе се борам во финалето. Верувам дека може да го победам. Финале, не се плашам, ќе видиме како ќе биде“ рече покрај другото Алкараз.