РБ Лајпциг направи рекорден трансфер – белгиски напаѓач платен речиси 50 мил.евра

197

Белгискиот напаѓач Луис Опенда направи трансфер од Ленс во РБ Лајпциг. Трансферот изнесува 43 милиони евра плус 6 во форма на бонуси. Договорот му е до 2028 година.
Екипата на Ленс минатата сезона беше хит во Лига 1, завршија на второто место и обезбеди директен пласман во ЛШ. А Опенда на 42 меча постигна 21 гол и 4 асистенции. Тој ќе биде замена за Кристофер Нкунку кој го засили Челзи.

Тоа е најскапото засилување на Лајпциг во историјата соборувајќи го претходниот рекорд на Доминик Собослаи кога за 36 милиони евра беше купен од Салцбург.

Германскиот клуб ова лето направи шест трансфери на млади фудбалери. Ги донесе Бенјамин Шешко (20 год.), Кристоф Баумгартнер (23), Николас Сивалд (22), Ел Чадаил Битшиабу (18) и го позајми Фабио Карваљо (20).

ПретходноИ Јасмин Мециновиќ потпиша за Беса
СледноМарсеј си донесе лев бек од Атлетико Мадрид