Александар Ѓурковски нов играч на Шкупи

1262

Досегашниот играч на Вардар, Александар Ѓурковски е нов член на тимот на Шкупи.

Играчот кој „оперира“ по десната страна имаше голема минутаќа во изминатиот период во Вардар, и со самото, тоа ги привлече повеќето прволигаши кај нас да се заинтересираат за неговите услуги.

Тој се реши да се пресели на Чаир, кае што ќе работи под водство на Гоце Седлоски. Ѓурковски може да игра на десната бековска позиција, но и на позицијата стопер, па Седлоски во него гледа секако опција и за двете места.

ФОТО: КОЧО СОТИРОВСКИ

 

ПретходноМанчестер Јунајтед подготвен да го трампа Погба за Варан
СледноКуманово посилен и за Ѓорѓе Каплановиќ