Тотенхем ја кажа сумата за Хери Кејн

1456

Една од омилените теми на фудбалската јавност летово секако е Хери Кејн и неговиот потенцијален трансфер во Баерн Минхен. Од Баварија праќаат сигнали околу неговиот ангажман, но и јасно ставаат до знаење дека сеуште не знаат колку точно Кејн всушност чини.

Денешен „Л‘Екип“ лиферува информација дека Тотенхем конечно ја одредил сума и дека истата е поставена на 116 милиони евра.

Досега Баерн испрати неколку понуди до Тотенхем, од кои последната беше вредна 80 милиони евра. Сега Баварците веќе знаат колкава сума бараат од англискиот клуб и преговорите може да влезат во нова фаза, иако не е јасно дали минхенскиот тим ќе биде подготвен да извади толку пари.

ПретходноЖдрепката за новата 2023/24 сезона во ПМФЛ ќе се одржи на 21 јули!
СледноКаспиј со отказ за Мрме, пропадна трансферот на Мaтеј Цветаноски!