КРАЛОТ е на колена, ПРИНЦОТ слави на Вимблдон. Ден по финалето на најспектакуларниот тениски турнир во светот, финале бр.136, светот го слави Карлос Алкараз, кој на само 20 години го свои својот втор гренслем турнир и тоа како, и тоа против кого!
Е, па против “непобедливиот“ Новак Ѓоковиќ. Србинот едноставно мораше да се помири со поразот, со тоа дека по цели 10 години е поразен на Централниот терен, дека сега не е веќе негово време, кое полека оди во минатото.
Ова го пишуваат светските реномирани новинари кои се специјализирани за тенис. А и во Србија медиумите од Новак сега бараат само уште злато на ОИ во Париз следната година и тоа е тоа.
Без разлика на аскетскиот живот, диетата, професионалноста, сепак 36 години не се исто и 20 години. Доаѓа време на помладиот Карлитос.
„Новак вчера беше нервозен зошто му стана јасно дека токму Карлитос во блиска иднина ќе му ги урне сите рекорди“ ова е коментарот на Адам Фромал, кој и тоа како ги знае работите во белиот спорт. Пред се мислејќи на кршењето на рекетот од страна на Новак.
Сега останува да се види дали е ова точно, дали во наредните 16 години, ако ја споредиме возраста на Новак и таа на Карлос, на тие вкупно 64 гренслем турнири токму младиот Шпанец ќе го урне рекордот на Новак.
Под претпоставка Србинот да застане на овие 23, а Шпанецот сега има 2, тогаш на Карлотос во следните 16 години му треба пехар на секој трет гренслем турнир.
Да, дечкото има невиден потенцијал, но дали од ПРИНЦ ќе заврши како КРАЛ?