Беласица е доста активна во текот на летниот преоден рок. Второлигашот од Струмица осетно ги засилува своите редови и претежно со млади и талентирани играчи. Па така од денеска и официјално, струмичани во своите редови ги имаат Петар Иванов (2003), кој е дефанзивец и доаѓа од Криенс (Швајцарија), потоа Љупчо Христовски кој игра во средниот ред и Костадин Капсаров кој е крило. И двајцата доаѓаат од Брера Струмица.