Олимпик Марсеј ги комплетира трансферите на Салим Бен Сехир, Конрад де ла Фуенте, Жерсон од Фламенго и бекот Лео Балерди од Борусија Дортмунд, но овој клуб не застанува. Веќе договори уште четворица играчи, по двајца од Рома и од Арсенал.
Дефанзивецот Вилијам Салиба и играчот за врска Матео Гендузи доаѓаат на „Велодром“. Тие се членови на Арсенал и одат во Марсеј како позајмени на една сезона. Гендузи имаше и понуда од Бенфика, но тој одлучи да отиде во Марсеј каде што смета дека ќе има поголеми шанси да игра. Салиба минатата сезона беше на позајмица во Ница, сега ќе оди во Марсеј.
Следуваат уште двајца одлични играчи. Утринава во Марсеј пристигнаа турскиот напаѓач Џенгиз Ундер и голманот Пау Лопез. Тие најдоцна до утре треба да ги комплетираат трансферите на „Велодром“.
Cengiz Under goes to France to sign with Marseille. ✍️🛫#OM #OMmercato #OMTeam #Marsilya. https://t.co/vT3mFZHeHf pic.twitter.com/Hw4jierAON
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) July 3, 2021
Според „РМЦ Спорт“ Пау Лопез доаѓа како позајмен со опција да биде откупен за 15 милиони евра, а оваа откупна клаузула станува обавезна по 20 настапи. Ундер исто така доаѓа како позајмен до крајот на сезоната со опција да биде откупен за 8 милиони евра и Рома да го задржи правото од 20% од секоја наредна продажба на Турчинот.
Следна цел на Марсеј е играчот на Каљари, Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Марсеј го сакаше и Кевин Гамеиро, но се повлече под притисокот од навивачите затоа што тој бил играч на нивниот најголем ривал ПСЖ од 2011 до 2013 година.