Илиев е нов играч и помошник на Матлиески во Голден Арт КЛ7

164

Еден од најдобрите стрелци во Суперлигата во последните неколку години, Ивица Илиев е нов играч на Голден Арт КЛ7. Тој воедно ќе ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески.

Ентузијазмот на луѓето во клубот, амбициите кои ги има клубот во следните години и политиката на развој на младите играчи и млади тренерски кадри беа доволна причина за мене како искусен играч, да се одлучам да пристапам кон Голден Арт КЛ7. Матлиески како тренер и човек исклучително го ценам, со постоечкиот играчки кадар и со тоа  што се планира како надградба очекувам клубот експресно да се врати во суперлигата. Верувам дека ќе пренесам дел од моето искуство на младите играчи во клубот, а од друга страна ќе имам што да научам од првиот тренер на кој ќе му помагам во работата“, изјави Илиев при потпишувањето на договорот со претседателот на клубот, Сашко Даев.

ПретходноУште играчи на „Велодром“: Марсеј ги донесе Ундер, Пау Лопез, Гендузи, Салиба…
СледноБрегалница подобра од Борец во пријателски меч