Фудбалерите на Баерн Минхен го одиграа првиот подготвителен натпревар летово. Ривал им беше аматерскиот тим Роташ-Ерген. Мечот, претпоставувате, воопшто не беше интересен, бидејќи на теренот немаше многу фудбал. Шампионот на Германија постигна 27 гола и победи со 27:0.
Само во првото полувреме фудбалерите на Томас Тухел постигнаа 18 гола.
Баварците тргнаа со скоро најсилниот тим и во просек постигнуваа гол на секои три и пол минути. Пет гола постигна Џамал Мусиала, а исто толку имаше и Тел.
Сабицер, исто така, петпати ја погоди мрежата, Гнабри постигна три, а погодија и Гнабри постигна три гола, а погодија и Дејвис, Лајмер, Мазрауи, Упамекано, Сане, Гереро, Коман, Гравенберх и Мане.