Пукна тиквата: Клебер се откажа од Мундобаскетот поради изјавите на Шрудер!

1417

Втората ѕвезда на германската кошаркарска репрезентација, Макс Клебер од Далас, излезе со соопштение во кое најавува дека ќе го прескокне претстојниот Мундобаскет, поради изјавите на Денис Шрудер поради кои се чувствува непожелен. Пред неколку дена во интервју, Шрудер отворено го критикуваше Клебер за неговото одбивање да настапи за репрезентацијата на минатогодишното Европско првенство, а сега сака да се врати во селекцијата за престојното Светско првенство.

Иако Клебер не се осврнува директно на својот соиграч од репрезентацијата, тој нагласува дека „неодамнешните несреќни и несоодветни јавни изјави“ јасно ставија до знаење дека „не е добредојден во националниот тим“.

„Моите цели во играњето кошарка и претставувањето на Германија се да бидам 100% здрав и да му помогнам на тимот да победи. Многу тешката одлука минатото лето да не играм беше поради повреда со која играв во последните четири месеци од сезоната во НБА. Ми требаше целосно закрепнување и одмор. Да бев здрав, ќе бев среќен и горд да играм за нашата репрезентација. Целата комуникација од моја страна со сите релевантни луѓе беше направена на чесен и почитуван начин. Го започнав ова лето со целосна намера и мотивација да и се приклучам на репрезентацијата на Светското првенство. Сепак, неодамнешните несреќни и несоодветни јавни изјави за мене 100% јасно ставија до знаење дека не сум добредојден во селекцијата“, се вели во изјавата на играчот на Далас.

ПретходноИнтер Мајами во преговори со Луис Суарез
СледноСопственикот на Интер Мајами го потврди трансферот на Жорди Алба