Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо вели дека дури по неговото доаѓање во Јувентус италијанскиот фудбал повторно почнал да го привлекува вниманието на фудбалската јавност во светот.
Роналдо кој беше пречекан од новинарите во Шпанија, каде неговиот Ал-Наср се подготвува за следната сезона меѓу другото потврди дека нема намера да се врати во европскиот фудбал.
„Сто проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европскиот фудбал. Го отворив патот кон Саудиска Арабија и сега сите играчи сакаат да дојдат тука“, вели Роналдо.
„Кога пристигнав во Јувентус, Серија А беше мртва и откако потпишав… оживеа. Каде и да оди Кристијано предизвикува голем интерес“, вели за себе некогашната ѕвезда на Јувентус.
Португалецот помина три сезони во Јувентус, а за тоа време постигна 101 гол на 134 натпревари.