ВИМБЛДОН: Федерер и Зверев во осминафинале, Кириос го предаде мечот

199

Рожер Федерер стигна до осминафиналето на Вимблдон откако денеска со 3:1 го совлада Камерон Нори. Првите два сета ветеранот ги доби со идентични 6:4, но имаше проблеми во третиот и го загуби со 5:7. Сепак, Федерер не дозволи да биде изненаден и во четвртиот сет повторно беше вистинскиот и славеше со 6:4 и со тоа и мечот.

Во наредното коло Федерер ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего.

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Вимблдон 2021 откако со 3:1 го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-1 по сетови 6:7, 6:4, 6:3, 7:6. и тоа во тешка и исцрпувачка борба која траеше повеќе од 2 часа и 40 минути.
Во наредната рунда Зверев ќе игра против Канаѓанецот Ожер-Алиасиме кој помина понатаму откако неговиот противник Ник Кириос се откажа во вториот сет. Кириос го доби првиот сет со 6:2, вториот Канаѓанецот го доби со 6:1 по што следуваше откажување на Австралиецот.

Кириос побара помош од физиотерапевтот, меѓутоа не можеше да продолжи поради болки во стомачните мускули.
„Не можам повеќе. Станува се полошо и полошо. Пробувам но не можам да сервирам. Извини брате“, му рече Кириос на својот противник.

Во осминафиналето поминаа Полјакот Хуркач, Италијанците Сонего и Беретини како и Белорусинот Ивашка.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Данците водат со 2:0 и се на чекор до полуфиналето на ЕП! (видео)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Андре Силва е нов играч на РБ Лајпциг