Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол дефинитивно летово ќе го засили тимот на Манчестер Сити. Стоперот веќе минал дел и од медицинските прегледи, утре би требало да се случи остатокот, а потоа нормално ќе следува и промоцијата.
Сити и Ред Бул Лајпциг очигледно дека конечно се договорија околу отштетата која што премиерлигашот треба да ја плати за услугите на еден од најперспективните млади стопери на светот. Гвардиол пак одамна ги договори личните услови под кои ќе потпише за Сити.
Тој е дете на Динамо Загреб, и преокт со години на овој клуб, кој што премина во Ред Бул Лајпциг за да еве сега го прави и трансферот на кариерата.