Тимот на Хелсинки синоќа мина во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите, откако со вкупни 2:3, беше подобар во двомечот со тимот на Ларне од Северна Ирска.
За Хелсински во стартниот тим настапи нашиот репрезентативен голман Дејан Илиев, кој во еден момент од првиот дел доби силен удар во главата и за момент загуби свест. Издржа струмичанецот некако до полувреме, а потоа беше заменет.
„Удар во главата, и потрес на мозокот. Во еден момент загубив свест, но сега сум ок. Малку одмор и се враќам на терен за брзо. Најважно е што ја остваривме целта и што минавме во следната фаза“ – ни изјави Илиев денеска.
Тој одлично се вклопи во тимот на Хелсинки и ја освои шампионската титула, а планира истото да го стори и во актуелната сезона.