Тимот на Брера Струмица од денеска и официјално е посилна за македонскиот младински репрезентативец Андреј Аризанкоски. Досегашниот член на тимот на Победа доаѓа во Струмица како дел од новиот бран фудбалери кои ќе настапуваат за амбициозниот прволигаш кој пак е во фаза на целосна трансформација. Од сопственичка, организациска, па ете секако и играчка.
Аризанкоски е играч кој минатата сезона имаше завидна минутажа, а сега оди скалило погоре во својата кариера.