Откако Струга ТЛ беше елиминирана од квалификациите во Лигата на Шампионите, својот престој во Европа ќе го продолжи со настап во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Противник е составот на Будуќност, тим од Црна Гора, а на првиот меч домаќин е нашиот евро претставник.
Раководството на Струга ТЛ одлучи и овој меч, како оној во вторникот со Жалгирис од ЛШ, да се игра на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид.
Натпреварот се игра во среда (26 јули) со почеток од 17 часот.