По епската брука: Ференцварош експресно го “шутна“ тренерот Черчесов!

356

Фудбалска Унгарија е на нозе. Она што се случи вчера, кога аматерите од Ф. Острови со 0:3 славеа на теренот на славниот Ференцварош и го елиминираа од квалификациите во ЛШ, е рамно на чудо. Играчите кои од 8 до 16 часот работат некои други работи, а потоа едвај наоаѓаат време и да тренираат, му одржаа час по фудбал на славниот Ференцварош.

И јасно е, кога ќе се случи таква брука, тогаш виновен е тренерот, во случајот Станислав Черчесоц, познат фудбалски стратег од Русија. Тој веднаш по мечот доби отказ, а денеска медиумите во неговата земја и тоа како „удрија“ по раководството на клубот од Будимпешта, правдајќи го дека тој не е виновен за катастрофата.

ПретходноНевремето во Хрватска му направи големи штети на новиот прволигаш: Страдаа теренот, соблекуваните… (ФОТО)
СледноТензии во А. Мадрид: Лемар му покажа среден прст на нервозниот Жоао Феликс! (ВИДЕО)