Ал Наср преговара со Садио Мане, Баерн бара 30 милиони евра

201

Напаѓачот на Баерн, Садио Мане би можел да се пресели во Ал Наср, тврди новинарот на „Атлетик“, Гиљермо Раи.

Претставник на 31-годишниот Сенегалец се сретнал со спортскиот директор на саудискиот клуб, Горан Вучевиќ во Португалија за да разговараат за можен трансфер.

Претходно беше објавено дека Баерн се согласил да се раздели со играчот за 30 милиони евра. Актуелниот договор на Африканецот е до летото 2025 година.

Ал Наср се обидува да донесе уште една голема ѕвезда во тимот, покрај Роналдо кој втора сезона ќе ги брани боите на клубот.

ПретходноТрет Каталонец на Флорида: И Жорди Алба потпиша со Интер Мајами
СледноШкендија прими гол во 89.минута, во Кардиф ќе се играат продолженија, а можеби ќе има и пенали! (ВИДЕО)