Лоши вести од Кавадарци: Еуро Никел и официјално го откажа учеството во Лигата!

498

Лоши вести од Кавадарци. Имено поради проблеми со кои се соочуват во клубот, раководството на Еуро Никел и официјално го откажа своето учество во следната сезона во нашата кошаркарска лига.

Тие ги ослободиле од обврските сите играчи и тренери кои беа под договор со кавадарчани.

За оваа одлука, Еуро Никел со писмо ја информирале и Кошаркарската федерација:

МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови“ се вели во соопштението на клубот од Кавадарци.

А сето ова доаѓа откако Еуро Никел доби забрана од ФИБА за трансфери.

ПретходноБраќата Мбапе за првпат заедно заиграа за ПСЖ (ВИДЕО)
СледноКадетите поразени и на вториот тест со Хрватска