Симултанка на седумкратниот македонски шампион Влатко Богдановски во Свети Николе

208

Велемајсторот Влатко Богдановски, во чест на Светскиот ден на шахот, одигра симултанка на 15 табли во Градскиот парк во Свети Николе.

Иницијативата за оваа симултанка беше со цел да се даде импулс за обновување на шаховскиот клуб во оваа општина, каде што во моментов функционира само шаховска школа.

Тоа се одрази и врз учесниците, па во најголем дел противници беа младите шахисти, меѓу кои имаше и од Кочани и од Скопје.

Богдановски, кој е повеќе децении член на ШК Алкалоид, оствари 12 победи, при што двајца младинци (Илијана Велева – 10 години и Матеј Диванисов – 11 години) успеаја да дадат завиден отпор, со што на крајот се изборија за реми.

Третото реми со 7-кратниот шампион на Македонија во шах го доби Николче Донев.

ПретходноСензационално: ПСЖ замената за Мбапе ја најде во Серија А!
СледноШошкиќ: Можеме да го повториме успехот кој го направивме со младинската селекција!