Откако стаја јасно дека Килиан Мбапе нема иднина во тимот на ПСЖ со оглед на фактот што не сака да потпише нов договор со клубот, и не замине заедно со остатокот на екипата на турнејата во Јапонија, стартуваа шпекулациите околу неговата следна дестинација.
Нормално, како што е тоа пракса летово, прв се јави тимот на Ал Хилал, кој за услугите на Мбапе во моментов сака да плати 200 милиони одштета на ПСЖ, што парижаните прифатиле веднаш, а за самиот играч годишна плата од неверојатни 400 милиони евра.
Мбапе има само 24 години и е далеку од заминување на Блискиот исток каде фудбалски би се „закопал“ засекогаш. Неговата реална опција е Реал Мадрид, но јавноста отворено прашува до каде ќе оди оваа фама на пребогатите клубови од Саудиска Арабија да носат во своите редови сериозни фудбалски звезди и за нив да плаќаат баснословни суми кои се надвор од секоја логика.