Обложувалниците обвинуваат: Два меча од Конференциската лига беа наместени, еден од нив е оној на Македонија ЃП!?

8581

Полската национална телевизија (ТВП) објави дека има сериозни индиции дека два меча од реваншите во 1. коло на УЕФА Конференциската лига се наместени. Светските букмејкери алармирале за невообичаено однесување на играчите за време на два меча од оние кои беа на распоредот во четвртокот.

Првиот од двата посочени е реваншот на нашиот преставник Македонија ЃП на гостувањето во Рига против РФС, а вториот е мечот во Црна Гора меѓу Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија.

Имено, како што пишува новинарот на ТВП, обложувалниците реагирале на високите уплати кои стигнале за неколку видови на обложување на мечот РФС – Македонија ЃП. Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути. Мечот во Рига заврши со резултат 4:1 (1:0).

Уште подрастични уплати имало на мечот меѓу црногорскиот Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија. Во текот на првото полувреме иако резултатот до 35. минута беше 0:0, имало над 250.000 евра уплатени на 2+ гола во првите 45. минути. Сомнителното е во тоа што во 40. минута беше постигнат првиот гол, а оној вториот за конечни 1:1 на полувреме дојде во судиското продолжение на првиот дел.

Операторите на обложувалниците се обиделе да се одбранат од високите уплати во последните 10 минути од првиот дел, но некои и не стигнале навреме да се покријат, вели изворот. Во некои обложувалници коефициентот за 2+ голови во прво полувреме бил 30 на обложување во живо на 10 минути пред крајот. Сомнителни уплати продолжиле и во второто полувреме на 5+ и 7+ голови. Мечот на крајот заврши со резултат 1:6, уште по сомнително, со два гола кои гостите ги постигнаа во судиското продолжение на второто полувреме.

ПретходноАдеми погоди, Пекинг повторно победи (ВИДЕО)
СледноИзненадување на Хунгароринг: Хамилтон тргнува од пол-позицијата