Милан го промовираше шестото засилување

190

Милан и официјално потврди дека го доведе 23-годишниот напаѓач Ноа Окафор од Ред Бул Салцбург. Италијанскиот гигант за Окафор плати 15 милиони евра обештетување на најдобриот клуб во Австрија. Овој швајцарски репрезентативец потпиша договор до 2028 година и ќе го носи бројот 17.

Окафор е шестото засилување на „росонерите“ ова лето, откако претходно во тимот пристигнаа Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик, Тијани Рајндерс, Марко Спортиело и Лука Ромеро.

ПретходноЈуниорите поразени од Велика Британија на стартот на ЕП „Б“ Дивизија
СледноВоска подобра од косовска Малишева!