Манчестер Јунајтед ја започна својата претсезонска турнеја во Америка со победа над Арсенал од 2-0. Два од водечките клубови во Премиер-лигата одиграа интересен натпревар пред над 82.000 гледачи во Њујорк, а тимот на Ерик тен Хаг постигна успех со головите на новиот капитен Фернандеш во 30. минута и Санчо во 37. минута.
Натпреварот на стадионот Метлајф започна со минимално задоцнување, а „црвените“ ѓаволи“ дуелот го решија после едно полувреме.
Темпото на игра постепено паѓаше, но во 64. минута Манчестер Јунајтед за чудо не постигна трет гол. Сепак, Рашфорд промаши од неколку метри. Во контранапад Хаверц шутираше непрецизно. Во 69. минута голманот на Јунајтед, Том Хитон го одбрани ударот со глава на Габриел Жесус.