Менаџерот на Фулам Марко Силва потврди дека Александар Митровиќ нема да биде во составот за следниот натпревар.
Српскиот напаѓач одби да игра за Фулам, бидејќи раководството одби две понуди од Ал Хилал и му го расипа трансферот во Саудиска Арабија.
Митровиќ ја прифати профитабилната понуда на Арапите и сака да се пресели во Ал Хилал, но сопственикот на Фулам одбил 35 и 40 милиони, барал 60 милиони.
“Ова не е идеално сценарио. Митровиќ нема да го игра следниот натпревар, не тренира со тимот. Понекогаш играчите носат индивидуални одлуки за кои сметаат дека се најдобри за нив”, изјави Марко Силва.
Тој призна дека и самиот добил понуда од Саудиска Арабија, од Ал Ахли.
„Точно е, добив официјална понуда од Ал Ахли. Дали ќе ја прифатам? Не можам да потврдам. Покажав лојалност кон овој клуб откако пристигнав“, рече тој.