Францускиот пливач постави нов светски рекорд на 400 метри мешано на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, и со тоа го собори старото најдобро време на Мајкл Фелпс од Олимписките игри во 2008 година во Пекинг.
Французинот беше најдобар со време од 4:02,50, со што го остав зад себе Карсон Фостер за 4.06 секунди и Даија Сето со 6.91 секунди како трет.
Освен овој рекорд денеска паднаа и рекордите во женска конкуренција 400 метри слободен стил. Истиот го собори, Австралијката Аријан Титмус, со време од 3:55,38. Втора беше Кејти Ледеки, а на подиумот се искачи уште и Ерика Ферведер од Нов Зеланд.
Третиот нов светски рекорд е дело на женската штафета на Австралија во дисциплината 4×100 метри слободно. Времето за победа гласи 3:27,96, пред САД односно Кина.