Хируршки прецизно: Модриќ со фантастична асистенција за пресврт на Реал (ВИДЕО)

846

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Милан со 3:2 во подготвителниот натпревар за новата сезона. На натпреварот одигран на стадионот Роуз Боул во Пасадена, Реал оствари победа по пресврт. Асистенцијата за победничкиот гол на шпанскиот тим ја забележа Лука Модриќ.

Реал Мадрид до 60. минута имаше негатива од 0-2, головите ги постигнаа Томори и Ромеро. Валверде во 57. и 60. минута израмни на 2-2, додека во 84. минута Лука Модриќ со велемајсторкската асистенција го пронајде Винисиус Џуниор за 3-2.

ПретходноНовак не оди во Торонто: Со мојот тим смета дека ова е вистинската одлука
СледноКалин Ивановски со пад од четири места, без промени на врвот на АТП-листата!