Денеска во Нион од 14 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е дека ако Струга ТЛ и Шкупи ги минат своите ривали во втората рунда, Будуќност и Левски тогаш ќе играат во 3.коло.
Па така во пресрет на денешната ждрепка, УЕФА ги одреди поддгрупите, односно го скрати списокот на можни ривали.
Струга ТЛ е во “шампионскиот пат“ и за можни ривали во третата рунда ги има:
-ЛИНКОЛН (ГИБ), ТНС (ВЕЛ) – СВИФТ ВЕСПЕР (ЛУК), БАЛКАНИ (КОС) – ЛАРНЕ (С.ИРС)
Шкупи пак се падна во групата – 3, и тоа меѓу неносителите:
Па така ако успее да го елиминира Левски, тогаш за ривал во 3.квалификациско коло би можел да ги има:
Динамо Киев (УКР), Митјиланд (ДАН) – Прогрес (ЛУК), Хапоел Бер Шева (ИЗР) – Паневезис (ЛИТ), Ордабаси (КАЗ) – Легија Варшава (ПОЛ).
Сепак да почекаме до нешто после 14 часот кога ќе се знаат можните противници на Струга ТЛ и Шкупи во тоа 3.квалификациско коло во ЛК.