Без Јакимовски на претквалификацискиот олимписки турнир!

590

Македонската кошаркарска репрезентација денеска стартува со подготовките за претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).

Селекторот, Александар Јончевски денеска во СЦ „Борис Трајовски“ ќе прозива. По Бојан Крстевски за овој циклус откажа и Андреј Јакимовски. Големата кошаркарска надеж поради обврски во Америка не може да одговори ниту за овој собир.

Најавени се и две приклучувања подоцна. Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс ќе бидат дел од овие претквалификации, но ќе им се приклучат на останатите една недела подоцна.

Првиот меч на турнирот во Талин, Македонија ќе го одигра на 12. август, противник ни е селекцијата на Израел, eден ден подоцна, на 13. август нашите најдобри кошаркари ќе играат против селекцијата-домаќин, Естонија.

По еден ден пауза, поточно на 15. август, следува и дуелот против репрезентацијата на Чешка, по што ќе го имаме конечниот изглед на табелата во оваа „А“ група од претквалификациите.

ПретходноПирло размислува исто како Роналдо: Саудиската лига може ќе биде најдобра во светот!
СледноОва би било преседан – Еве на што е подготвен Суарез само за повторно да игра со Меси!