Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во Марибор, Словенија и официјално беше отворен на свечена церемонија на која учествуваше и нашата делегација. Знаменосец беше џудо репрезентативецот Никола Магдески кој е еден од неколкуте наши спортисти кои веќе од утре ги почнуваат и спортските настапи.
Според објавениот распоред на натпревари прв стартува плувачот Стефан Тодоров. Тој утре изутрина ќе плива во квалификациите на 100 и 50 метри слободно. Утре исто така стартува и нашиот млад и надежен атлетичар Брајан Авија. Тој е пријавен во квалификациите во скок во далечина.
Џудистот Матески во среда почнува со натпревари во категоријата до 66 килограми, а на стартот за противник ќе го има Јурак Одкладај од Словачка.